ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА
„ ЛИНО ЛАДА – ОД СТРАНА “
Правила на НАГРАДНАТА ИГРА: ”ЛИНО ЛАДА – ОД СТРАНА “во натамошниот текст: „Правила“)
Член 1 – Компанија и седиште на организаторот
Организатор на Наградната игра е Друштвото за трговија и услуги Подравка ДООЕЛ Петровец, со седиште на адреса: ул.9, бр.4 во Мултифункционална индустриска зона Ќојлија во Петровец, со ЕМБС 4276663 и ЕДБ 4030992253046 (во натамошниот текст: Организатор).
Член 2 – Име на Наградната игра, време и место на одржување
Името на Наградната игра е:”ЛИНО ЛАДА – ОД СТРАНА“. Наградната игра ќе трае од 20.06.2024 година до 20.07.2024 година во 23:59:59 часот на територијата на Република Северна Македонија.
Член 3 – Цел на Наградната игра
Целта на Наградната игра е да се зајакне врската со потрошувачите и да се изрекламираат производите под брендот „Лино Лада“ на Подравка со организирање на наградна игра која се спроведува преку веб – страницата www.linolada.mk
Член 4 – Услови за учество во Наградната игра
Во Наградната игра, според Член 2, право на учество имаат сите граѓани над 18 години кои живеат во Република Северна Македонија.
За да се учествува во Наградната игра, заинтересираниот учесник треба да купат производи во вредност од најмалку 499 денари од брендот „Лино Лада“на Подравка. Производи кои треба да се купат за да се учествува во Наградната игра се: Лино Лада кокос 350g, Лино Лада Голд 350g, Лино Лада Голд 650g, Лино Лада Голд Крими 350g, Лино Лада Голд Крими 700g, Лино Лада Милк 350g, Лино Лада Милк 700g, Лино Лада Дуо 350g, Лино Лада Дуо 700g.
Фискалната сметка треба да се фотографира и прикачи на интернет страницата www.linolada.mk, во полето назначено за тоа. На крајот, за да биде пријавата комплетна, учесникот мора да го пополни онлајн формуларот и да ги внесе своите лични податоци: име, презиме, адреса, број, место, поштенски фах, држава, контакт телефон, е – маил адреса за да ја заврши успешно пријавата. Секој учесник со пријавување во наградната игра најдоцна до 20.07.2024 година 23:59:59 часот автоматски влегува во базата од која ќе бидат наградени само 16 (шестнаесет) добитници.
Пријавите кои ќе пристигнат по завршувањето на наведениот рок, немаат право на учество во Наградната игра. Секој учесник може да учествува во Наградната игра повеќе пати, но може да биде награден само еднаш. Доколку, по извлекувањето на победникот, се утврди дека доставените податоци во електронскиот формулар се нецелосни и / или неточни, таквата пријава ќе се смета за неважечка.
Право на учество во Наградната игра имаат сите граѓани со живеалиште во Република Северна Македонија, освен вработените во Подравка ДООЕЛ и членови на нивното потесно семејство (родители, сопружници, деца, браќа и сестри). Лица под 18 години не може да учествуваат во Наградната игра.
Член 5 – Погрешни и неправилни пријави
Организаторот го задржува правото да дисквалификува учесник во кој било кој момент за времетраење на Наградната игра, особено во следниве случаи: ако учесникот ги прекрши Правилата или остави неточни или нецелосни лични податоци при пополнување на електронскиот формулар; доколку исписот содржи незаконска, опасна, злонамерна, расистичка, клеветничка, непристојна, порнографска, вулгарна или ксенофобична содржина. Пријавата не смее да прикажува или повикува на криминално или незаконско однесување, односно од која било друга причина за која Организаторот смета дека негативно влијае на правилноста на Наградната игра.
Член 6 – Награден фонд
Наградниот фонд вклучува 16 (шестнаесет) награди:
- 1 x 7 дневен аранжман во Хотелот Инекс Олгица во Охрид за едно семејство, кој вклучува: апартманско сместување, полн пансион (појадок, ручек и вечера), користење на спа центар. Аранжманот може да се искористи во текот на 2024 година, односно заклучно со 31.12.2024 година.
Вредноста на аранжманот со полн пансион е 14,418.10 денари без ДДВ или 15,139,00 цена со 5% ДДВ. Вкупната вредност за 7 дневниот аранжман е 101,276,67 денари без вклучен 5% ДДВ или 106,323,00 денари со вклучен 5% ДДВ. На оваа сума се додаваат туристичка такса во вредност од 40,00 ден и осигурување од 10,00 денари за седум дена (нема ДДВ).
- 5 х Dry Fit Маици потпишани од фудбалерот Лука Модриќ. Поединечна вредност е 600,00 денари без ДДВ. Вкупна вредност е 3,000,00 денари без вклучен 18% ДДВ или 540,00 денари со вклучен 18% ДДВ .
- 10 х Лино Лада пакет производи.
Еден пакет содржи: еден производ Лино Лада кокос 350g (поединечна вредност 87,80 денари, вкупна вредност од 965,75 денари со 10% ДДВ), Лино Лада Голд 350g (поединечна вредност 96,84 денари, вкупна вредност од 1065,21 денари со 10% ДДВ), Лино Лада Голд Крими 350g (поединечна вредност 96,28 денари, вкупна вредност од 1059,11 денари со 10% ДДВ), Лино Лада Милк 350g (поединечна вредност 91,41 денари, вкупна вредност од 1005,48 денари со 10% ДДВ), Лино Лада Дуо 350g (поединечна вредност 90,82 денари, вкупна вредност од 999,06 денари со 10% ДДВ)
Вкупната вредност на десет пакети е 4,631.46 денари без 10% ДДВ или 5.095,00 денари со 10% ДДВ.
Вкупната вредност на наградниот фонд изнесува 108.908,13 без вклучен ДДВ, односно 114,958,00 денари со ДДВ.
*Организаторот го плаќа персоналниот данок.
Член 7 – Извлекување на имињата на добитниците на награди и контрола на извлекувањето
Извлекувањето на имињата на добитниците на наградите ќе се одвива по електронски пат, користејќи компјутерска програма за генерирање на броеви и ќе се одржи на 22.07.2024 во 13,30 часот во просториите на компанијата Подравка во Република Северна Македонија. Извлекувањето ќе го надгледува тричлена комисија од Подравка (Даниела Трајковска – директор на финансии, Наташа Димовска – маркетинг директор, Весна Дојчиновска – трејд маркетинг менаџер) и нотар, а учествуваат сите пристигнати пријави заклучно со 20.07.2024 година во 23:59:59 часот.
Извлекувањето на наградите ќе се врши во просториите на Подравка ДООЕЛ – Петровец, со адреса на ул.9, бр.4, Мултифункционална индустриска зона Ќојлија, Петровец, Р. Северна Македонија. Извлекувањето ќе го надгледува тричлената комисија по што ќе биде направен нотарски записник кој ќе го содржи името и презимето, како и адресата на добитникот на главната награда. Задолжително ќе се провери дали се исполнети барањата/условите од Член 4.на овој Правилник. Извлечените пријави кои нема да ги исполнат барањата/условите од Член 4.на овој Правилник, нема јавно да се објават, а истите ќе бидат посебно записнички утврдени. Доколку добитникот не ја подигне наградата во наведениот рок, Организаторот има право да контактира со друг учесник кој се пријавил во Наградната игра и ги исполнил сите Правила (резервен добитник).
Доколку во Наградната игра се вклучат помалку учесници од бројот на награди кои се предвидени со наградниот фонд, тогаш ќе се доделат онолку награди колку што има и учесници.
Член 8 – Објавување на резултатите од Наградната игра
Резултатите од Наградната игра ќе бидат објавени на веб страницата cokolino.mk на Организаторот најдоцна 3 дена од денот на извлекувањето на наградените од Наградната игра. Објавената листа на добитници ќе содржи: име и презиме и место на живеење.
Член 9 – Идентификација на добитникот на награда
Добитниците го остваруваат правото на наградата откако ќе се изврши увид во нивниот документ за лична идентификација при подигнувањето на наградите во просториите на компанијата Подравка. Во спротивно, го губат правото на наградата. Добитниците треба да го потврдат својот идентитет со свој валиден документ – лична карта и да ја чуваат фискалната сметка како доказ дека купиле од наведените Лино Лада производи.
Член 10 – Начин и рок за подигање на наградите
Добитниците ќе ги добијат главните награди во просториите на компанијата Подравка најдоцна во рок од 45 работни дена од датумот на објавување на резултатите од Наградната игра на веб – страницата linolada.mk. Наведениот рок за подигнување на ваучерите може да се продолжи само доколку добитниците му се обратат на Организаторот дека од објективни причини не можат да ја преземат наградата, но не подолго од 60 дена или ако Организаторот не е во можност да ја достави наградата поради виша сила во наведениот рок. На добитниците на пакет производи, истите ќе им бидат доставени на домашна адреса по брза пошта.
Организаторот на Наградната игра не сноси никаква одговорност за задоцнети или неправилно означени електронски формулари за пријава. Добитниците немаат можност да добијат парични награди или награди за замена (наместо наградата што му ја доделило стручното жири на Организаторот). Наградите се непреносливи. Истите може да се искористат до крајот на календарската година.
Член 11 – Начин на запознавање на учесниците со Правилата на Наградната игра
Начинот на учество во Наградната игра се објавува по добивање согласност од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија на 20.06.2024 година на веб станицата: linolada.mk. Со учеството во оваа наградна игра, учесниците ги прифаќаат и се обврзуваат да ги почитуваат правата и обврските пропишани во овие Правила.
Член 12 – Право на објавување и сопствеништво на медиумските содржини
Со претходна писмена согласност, учесниците се согласни, доколку станат добитници на награди, нивното име, презиме, адреса, фотографија и снимен материјал, Организаторот да може да ги користи во промотивни активности преку сите медиуми, без надомест. Исто така, Организаторот ги задржува сите права на објавување и сопствеништво на медиумските содржини, кои произлегуваат од врачувањето/подигнувањето на наградата. Добитникот е обврзан во целост да соработува со Организаторот, а во врска со креирањето и објавувањето на содржините произлезени од Наградната игра и во врска со Наградната игра.
Член 13 – Право на приговор и решавање на спор
Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на Наградната игра до Организаторот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесникот во Наградната игра „Лино Лада – од страна“ надлежен е Основниот суд во Скопје.
Член 14 – Можност за прекин на Наградната игра
Наградната игра може да се прекине единствено во случај на виша сила, а по добивање согласност од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија, согласно Член 8 од Законот за игрите на среќа и забавните игри.
Член 15 – Валидност на правилата на Наградната игра
Овие правила ќе бидат јавно објавени на веб страницата linolada.mk на Организаторот, по добивање на согласност од Министерството за финансии на Р. Северна Македонија, пред почетокот на наградната игра.