ПРАВИЛА НА ДАРУВАЊЕ (GIVEAWAY)
„КОМЕНТИРАЈ И ДОБИ ПОДАРОК“
Врз основа на член 141 и 142 од Законот за игрите на среќа и забавните игри (Службен Весник на РСМ“, бр.148/26), Друштвото за трговија и услуги Подравка ДООЕЛ Петровец, со седиште на адреса: ул.9, бр.4 во Мултифункционална индустриска зона Ќојлија во Петровец, со ЕМБС 4276663 и ЕДБ 4030992253046 (во натамошниот текст: Организатор), застапувано од управителот Ивица Саралиевски, ги донесува следните:
ПРАВИЛА ЗА ИГРА НА СРЕЌА ‐
ПОДАРУВАЊЕ (GIVEAWAY) „КОМЕНТИРАЈ И ДОБИ ПОДАРОК“
во натамошниот текст: „Правила“)
Член 1 – Компанија и седиште на организаторот
Oрганизатор на Дарувањето е Друштвото за трговија и услуги Подравка ДООЕЛ Петровец, со седиште на адреса: ул.9, бр.4 во Мултифункционална индустриска зона Ќојлија во Петровец, со ЕМБС 4276663 и ЕДБ 4030992253046 (во натамошниот текст: Организатор).
Член 2 Назив на играта на среќа подарување (giveaway)
Називот на играта на среќа подарување (giveaway) е: „КОМЕНТИРАЈ И ДОБИ ПОДАРОК“
Член 3 Цел на Дарувањето (giveaway)
Целта на дарувањето е рекламирање на брендот Лино Лада на Подравка, преку организирање на гивавеј кој се спроведува преку профилите на социјалните мрежи на компанијата Подравка во Р.С.Македонија. Инстаграм: https://www.instagram.com/podravka.makedonija/ и Фејсбук: https://www.facebook.com/PodravkaMakedonija/.
Член 4 Времетраење на играта на среќа подарување (giveaway)
Играта на среќа подарување (giveaway) ќе се организира во периодот од 15.09.2026 година до 22.09.2026 година.
Член 5 Право на учество
Право на учество во играта на среќа ‐ подарување (giveaway) имаат сите полнолетни физички лица државјани на Република Северна Македонија, освен:
-Вработените кај Организаторот;
-Членови на нивното потесно семејство;
-Лица директно вклучени во организацијата на играта на среќа – подарување (giveaway).
Член 6 Начин на учество
За да го потврдат своето учество во играта на среќа ‐ подарување (giveaway), учесниците треба да:
1. Да ја заследат официјалната страница на Организаторот;
https://www.instagram.com/podravka.makedonija/ и https://www.facebook.com/PodravkaMakedonija/
2. Да ја лајкнат статичната објава (пост) со комуникација Lino Lada Giveaway;
3. Да остават КРЕАТИВЕН коментар на објавата, на пример: Да го споделат нивниот одмор од соништата или да ни раскажат како и каде најмногу би уживале ова лето.
4. Да означат/тагнат најмалку едно лице во коментарот;
5. По желба, да ја споделат објавата јавно.
Секој учесник во играта на среќа – подарување (giveaway) може да учествува со повеќе креативни коментари, односно да означи повеќе лица во коментарите, но едно лице може да добие само една награда.
Член 7 Награда
Наградата во рамките на играта на среќа ‐ подарување (giveaway) се состои од: 10 (десет) персонализирано изработени Лино Лада летни торби од брендот Шизик на Ризик, со поединечна вредност на наградата од 3.000 денари, односно вкупна вредност на наградниот фонд изнесува 30.000 денари.
Член 8 Избор на добитници
Добитниците ќе бидат избрани по случаен избор (random selection) преку електронска алатка
https://commentpicker.com/ .
Извлекувањето ќе се одржи на ден 23.09.2026 година, во 10:00 часот, во просториите на Организаторот на дарувањето (giveaway).
Извлекувањето ќе го надгледува трочлена комисија од вработените во компанијата Подравка Дооел Петровец.
Член 9 Објавување на добитниците
Името/корисничкото име на добитниците ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградите на официјалната Facebook/ Instagram страница на Организаторот. Добитниците се должни да се јават на денот на прогласувањето, за усно потврдување на наградата, во спротивно, Организаторот има право да избере нов добитник/ци.
Член 10 Преземање на наградите
Наградите ќе бидат:
- лично подигнати во просториите на Организаторот, најдоцна 60 дена по објавувањето на добитниците,
или, - доставени по пошта/карго на територија на Република Северна Македонија, по договор со добитниците.
Трошоците за достава ги сноси организаторот.
Член 11 Заштита на лични податоци
Со учеството во играта на среќа – подарување (giveaway), учесниците се согласуваат нив ните лични податоци да бидат користени исклучиво за потребите на реализација на играта на среќа ‐ подарување (giveaway), согласно прописите за заштита на лични податоци.
Член 12 Запознавање со правилата за учество во Дарувањето и право на приговор
Начинот на учество во Дарувањето се објавува по добивање согласност од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија, пред започнувањето на подарувањето (giveaway). Со учеството во ова дарување, учесниците ги прифаќаат и се обврзуваат да ги почитуваат правата и обврските пропишани во овие Правила., а објавени на страницата https://linolada.mk/.
Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на Дарувањето до Организаторот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.
Член 13 Дисквалификација
Организаторот има право да дисквалификува учесник кој:
-Користи лажни профили;
-Објавува навредлива или несоодветна содржина;
-Постапува спротивно на овие Правила.
Член 14 Прифаќање на правилата на играта на среќа – подарување (giveaway)
Со учеството во играта на среќа – подарување (giveaway), учесниците потврдуваат дека се согласуваат со овие правила. Овие правила стапуваат во сила со денот на нивното објавување.
Член 15 Престанок на обврските на организаторот
Со плаќањето на данокот на доход за добивки од игри на среќа и преземањето на наградите, престануваат натамошните обврски на организаторот спрема добитниците.
Член 16
Евентуалниот спор меѓу приредувачот и учесниците во наградната игра „КОМЕНТИРАЈ И ДОБИ ПОДАРОК ” го решава надлежниот Основен суд во Скопје.
Скопје,
Управител на Подравка
ДООЕЛ Петровец,
Ивица Саралиевски